Дискретна математика

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Дискретна математика
2. Код 4ФЕИТ08З003
3. Студиска програма КТИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Соња Геговска-Зајкова
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Математика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). По завршување на курсот, студентот е способен: да ги препознава основните типови податоци и структури, како множества, релации, пресликувања, графови, што се користат во компјутерските алгоритми и системи; да користи логичка аргументација во извлекување заклучоци и да идентификува заблуди; да моделира и анализира пресметковни процеси користејќи аналитички и комбинаторни методи; да ги докажува елементарните својства на модуларната аритметика и да ја објасни нивната примена во криптографијата и алгоритмите за хеширање; да решава проблеми користејќи рекурзивни методи, да применува модели на графови; да размислува критички и да се изразува јасно и прецизно.
11. Содржина на програмата: Исказна и предикатна логика, логички еквиваленции, правила на заклучување, методи на докажување тврдења. Mножества, релации и нивна примена. Диференцијални и диференцни равенки. Комбинаторика, генерирачки функции, проблеми на пребројување. Теорија на броеви, модуларна аритметика, линеарни конгруенции, системи линеарни конгруенции и нивна примена. Елементи од теоријата на графови.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, поддржани со презентации и визуелизација на концептите, аудиториски вежби, домашни задачи и тестови.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 3 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовна посета на наставата и реализирани тестови.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во 8. и 15. недела од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) , а во текот на часовите може да се спроведат и тестови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 135 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити, односно писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење најмногу 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, односно писмениот испит, како и поените од тестовите и завршниот устен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Соња Геговска-Зајкова, Весна Андова, Сања Атанасова Предавања од дискретна математика 1 ФЕИТ 2019
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Соња Геговска-Зајкова, Весна Андова, Сања Атанасова Збирка задачи од дискретна математика ФЕИТ 2019
2 Kenneth H. Rosen Discrete Mathematics and its Applications WCB/Mc Graw-Hill, 7th edition 2018