Релејна заштита

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Релејна заштита
2. Код 4ФЕИТ04Л022
3. Студиска програма ЕЕС,ЕЕПМ,ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6, IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Антон Чаушевски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање за грешките што се случуваат во ЕЕС, како и начините за заштита на поедините елементи од ЕЕС. Изучување на различни типови на релејната заштита. Можности за решавање на проблеми од оперативно работење на електроенергетски постројки и начини на решавање на релејната заштита во постројките.
11. Содржина на програмата: Статистичка обработка на податоци на мерните величини за потребите на релејната заштита. Запознавање со видови на релеи. Добивање на мерни величини. Поврзување на релеите за испитување и мерење. Карактеристики на струјни и напонски мерни трансформатори. Испитување на карактеристиките на примарно реле за прекуструјна заштита. Шеми на поврзување на филтри за добивање на потребните мерни величини во релејната заштита. Испитување на карактеристиките на прекуструјно реле. Прекуструјна заштита со зависна и независна карактеристика. Усмерени релеи. Диференцијална заштита, подолжна и попречна. Диференцијална заштита на енергетски трансформатори со и без меѓутрансформатори. Запознавање со софтверски пакети за симулација на релејна заштита. Дистантна заштита на водови. Симулација на разни типови релеи. Дистантна заштита на водови. Симулација на диференцијална заштита и дистантна заштита. Заштита на генератори. Симулација на заштита на генератор. Заштита на енергетски трансформатори. Симулација
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, лабораториски вежби.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 100
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Посетеност на предавањата и вежбите.
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Антон Чаушевски Релејна заштита, интерна скрипта ФЕИТ NULL
2 C. Preve Protection of Electrical Networks London NULL
3 Антон Чаушевски, Софија Николова-Поцева Збирка решени задачи по релејна заштита ФЕИТ 2021
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 AREVA Network Protection & Automation Guide AREVA NULL