Електроника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електроника
2. Код 4ФЕИТ05З017
3. Студиска програма ТКИИ,КТИ,ЕЕС,ЕЕПМ,ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Томислав Карталов, Д-р Андријана Кухар
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
Ислушани: Основи на електрични кола
10. Цели на предметната програма (компетенции). Располага со фундаментална база инженерски знаења од електрониката и општ преглед на областа електроника. Разбира техничка документација поврзана со електронски елементи и склопови. Може самостојно да ги надогради знаењата од електрониката според професионалните потреби. Компетентно комуницира со специјалисти за електроника при спецификација на технички барања за електронска опрема.
11. Содржина на програмата: 1. Вовед, општи информации, полупроводници.
2. Диода, кола со идеални диоди. Типови диоди и нивна примена.
3. Биполарен транзистор, карактеристики и принцип на работа, подрачја на работа.
4. Тиристор, принцип на работа. Дијак, тријак. Мосфет, карактеристики и принцип на работа. Подрачја на работа.
5. Насочувачи. Типови насочувачи. Стабилизатори. Управувани насочувачи со тиристори.
6. Засилувачи: основни поими, параметри на засилувачите, поларизација, мали наспроти големи сигнали. Засилувачи со транзистор и со мосфет.
7. Фреквенциска зависност на засилувањето.
8. Колоквиумска седмица.
9. Засилувачи со директна спрега и со негативна повратна врска.
10. Операциски засилувачи. Основни поими, основни кола и нивна примена.
11.Осцилатори, основни концепти и примери.
12. Линеарно обликување на сигнали. Нелинеарно обликување на сигнали.
13. Дигитална електроника: Булова алгебра, логички кола, комбинациони мрежи. Секвенцијални мрежи. Бројачи.
14. А/Д и Д/А конвертори. Дигитални системи.
15. Колоквиумска недела.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 20
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), кои вклучуваат задачи со зададени нумерички вредности и теоретски прашања. Алтернативно, во испитните сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути).
Студентите кои ги положиле парцијалните испити, или писмениот испит, добиваат конечна оценка за положување на предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити (или писмениот испит), како и поените од активност и континуирано учење (присуство и активност на часови и на лабораториски вежби).
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор. Дозволено е користење на моливи, пенкала, фломастери, боички, во сите бои освен црвена. Дозволено е користење на гуми, коректори, острилки, линијари, шестари, шаблони и други механички помагала за пишување.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети, самоевалуација, разговори со студентите.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Adel S. Sedra, Kenneth C. Smith Microelectronic Circuits – Sixth Edition Oxford University Press 2009
2 Методија Камиловски Електроника 1 – Електронски елементи ФЕИТ – Скопје 2005
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Howe, R. T., C. G. Sodini Microelectronics: An Integrated Approach. Prentice Hall 1996