Мерења во електроенергетика

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Мерења во електроенергетика
2. Код 4ФЕИТ03Л005
3. Студиска програма ЕАОИЕ,ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Владимир Димчев
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника, Мерења во електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења од мерните методи и инструментацијата кои се применуваат во мерењата во електроенергетските системи.
11. Содржина на програмата: Вовед во мерни трансформатори. Напонски мерни трансформатори, принцип на работа, одредување на нивните грешки. Капацитивен напонски мерен трансформатор и индуктивен делител. Струјни мерни трансформатори, одредување на нивните грешки. Оптички мерни трансформатори, принципи на работа.
Методи за мерење на еднофазна и трифазна моќност и фактор на моќност. Електронски и дигитални ватметри.
Мерење на електрична енергија, дигитални броила и принцип на работа, параметрирање на броила, комуникациски можности, одредување на грешки.
Мерење на отпорност на заземјувачи, напони на допир и чекор, распределба на потенцијали и специфична електрична отпорност на тлото. Мерење на изолациски отпорности. Мерење на квалитет на електрична енергија.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 54 бодови 5 (пет) (F)
од 55до 63 бодови 6 (шест) (E)
од 64до 72 бодови 7 (седум) (D)
од 73до 81 бодови 8 (осум) (C)
од 82до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработени и колоквирани лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот.
1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, и проектните задачи.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, и проектните задачи.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Владимир Димчев Мерења во електроенергетика Интерна скрипта на ФЕИТ 20
2 В. Димчев, К. Демерџиев Збирка задачи по мерења во електроенергетика Интерна скрипта ФЕИТ 18
3 В. Димчев, К. Демерџиев Лабораториски практикум по мерења во електроенергетика ФЕИТ 18
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 L. Schnell Technology of electrical measurements Wiley&Sons 93
2 K. Iwasson Measuring current, voltage and power Elsevier 99