Операциони истражувања

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Операциони истражувања
2. Код 4ФЕИТ01З011
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Душко Ставров
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Математика 1, Математика 2
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање на студентите со целите и методите на операциони истражувања и подрачјата на нивната примена. Запознавање со концептите на математичко програмирање. Оспособеност за решавање на проблеми поврзани со оптимизирање на зададени функции на цел (линеарна, квадратна ковексна и нелинеарна), масовно опслужување, вршење на анализа на проект; менаџмент на индустриски, економски, финансиски и други организации.
11. Содржина на програмата: Oперациони истражувања; класификација, составување и решавање на математички модели на проблеми; симулација и валидирање на моделот, дефинирање на функција на цена. Методи на линеарно програмирање и статичка оптимизација, симплекс метода, дуална задача на линеарното програмирање, транспортни проблеми, целобројно програмирање, геометриска и матрична интерпретација на моделите. Оптимизација на проблеми со ограничувања. Теорија на игри, минимакс критериум и седлеста точка. Мрежно планирање и управување со процеси. Примена и анализа на структурата и времето по методата на критичен пат; анализа според PERT (Project Evaluation and Review Technique). Динамичко програмирање. Модели на оптимизација на залихи при константна и случајна побарувачка; Монте Карло метода за симулација на стохастички процеси. Апроксимативна оптимизација со симулирано калење. Oснови на нелинеарната оптимизација и нелинеарно програмирање.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 45
16.3. Домашно учење 30
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 40
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот

Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот .
1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, и успешно го имаат реализирано и презентирано проектот, се смета дека го положиле предметот. Презентација на проектот се одвива во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените добиени од проектот.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот го реализирале и презентирале проектот, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот писмен испит и поените добиени од проектот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 P. R. Murthy Operations Research New Age International 2007
2 Winston W. Operations Research: Applications and Algorithms Cengage Learning 2004
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Stephen Boyd, Lieven Vandenberghe Convex Optimization Cambridge Univ Press 2004