Заврши шестата работилница „Технологија за тебе“ за Вградливи микрокомпјутерски системи

Објавено: април 17, 2025

На Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ при  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјесе одржа дводневната едукативна работилница на тема „вградливи микропрокомпјутерски системи“. Настанот, кој е дел од проектот „Технологија за тебе“, се реализира во соработка со Логинг Електроникс и обединува ученици, професори и експерти од областа на технологијата. Во рамките на...

Договор за соработка и донација на средства со новиот партнер Гоматик ДОО

Објавено: април 17, 2025

ФЕИТ потпиша договор за соработка со македонската компанија за производство и автоматизација на специјализирани машини за обработка на дрво и плочест материјал Гоматик ДОО од Куманово. Во рамките на оваа соработка, Гоматик ДОО ќе донира средства за набавка на мобилна роботска платформа, за експериментирање со напредни алгоритми од автономна навигација, управување и перцепција, а со...

ИЕЕЕ семинар на тема Решавање на сложувалката на мозокот со шизофренија на ФЕИТ

Објавено: април 17, 2025

ИЕЕЕ семинарот на тема „Решавање на сложувалката на мозокот со шизофренија“ се одржа на ФЕИТ во понеделник, 14 април 2025. На семинарот земаа учество д-р Спасе Петковски и м-р Даниела Јанева од Институтот за невронски науки на системите (INS, UMR1106). INS е мултидисциплинарен истражувачки институт на Inserm и Универзитетот Aix-Marseille, сместен на кампусот La Timone во...

Contemporary Microcontrollers for Embedded Systems Design

Објавено: април 15, 2025

1. Course Title Contemporary microcontrollers for embedded systems design 2. Code 4ФЕИТ05035A 3. Study program Dedicated Embedded Computer Systems and Internet of Things 4. Organizer of the study program (unit, institute, department) Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies Ss. Cyril and Methodius University in Skopje 5. Degree (first, second, third cycle) Second cycle 6....

ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

Објавено: април 11, 2025

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година. Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија нуди...

Работилница „Технологија за тебе“

Датум на настан: 14.04.2025

На 14 и 15 април 2025 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи дводневниот настан „Технологија за тебе“, кој претставува уникатна платформа за практична едукација, вмрежување и поттикнување на иновации во областа на вградливите микрокомпјутерски системи. Главни организатори на настанот се ФЕИТ ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, при што активностите во ФЕИТ...

Предавање на тема „Решавање на шизофреничниот мозок“

Датум на настан: 14.04.2025

На 14 април (понеделник) 2025 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи предавањето на м-р Даниела Јанева на тема „Решавање на шизофреничниот мозок“, во кое таа ќе зборува за својата работа на докторските студии на Institut de Neurosciences des Systèmes (INS), Aix-Marseille University, Франција. Предавањето ќе се одржи во Салата за...

RoboMac 2025

Датум на настан: 12.05.2025

RoboMac 2025 – натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција во Македонија Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025”, кој ќе се одржи во периодот од 12–ти до 17–ми мај. Ова...

Потпишан Меморандум за соработка меѓу ЕВН Македонија и ФЕИТ

Објавено: април 7, 2025

Континуираната соработка меѓу ЕВН Македонија и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја потврдуваме и со потпишување на Меморандум за соработка во полето на научни истражувања и иновации. Овој меморандум ја потврдува нашата заедничка посветеност на иновациите, истражувањата и образованието и ја засилува врската меѓу академијата и индустријата. Со продлабочување на нашата соработка, целиме...

Отворен ден и пролетна дружба на ФЕИТ

Датум на настан: 12.04.2025

Оваа сабота (12.04.2025) со почеток во 13:00 часот се организира Отворен ден на Факултетот и традиционалната пролетна дружба со кадарот и студентите. Во рамките на отворениот ден се планирани повеќе активности за средношколците од сите средни училишта во Државата: – претставување на студиските програми на ФЕИТ – посета на лаборатории преку Scavenger HUNT (предизвици, забава...

Меморандум за соработка меѓу ФЕИТ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“

Последна измена: април 4, 2025

ФЕИТ потпиша Меморандум за соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје со кој се утврдува рамката во која се реализира соработката помеѓу двете институции за спроведување истражувачки, образовни и апликативни активности и проекти од заеднички интерес, заснована врз искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и на просторните...