ИНТЕРЦЕРТ дооел Скопје, со задоволство ја објавува својата програма за практикантска работа.
Ние поттикнуваме образовна средина која помага на практикантите да напредуваат во делот на сертификација со ISO стандарди. Нашата програма за менторство ги поврзува практикантите со искусни членови на тимот со можност да се развијат професионални вештини и да се постават целите во изборот на вашето следно занимање.
Бараме некој кој е проактивен, посветен и искрен. Ние сакаме нашите практиканти да ги споделат своите мислења, идеи и прашања за да создадат култура на повратни информации, образование и континуирано подобрување.
Кога ќе ни се придружите?
Ова е можност за летните одмори, почнувајќи од 1 јули 2021 година до 31 август 2021 (9 недели по ред).
Колку студенти можеме да прифатиме?
Ова лето може да прифатиме 1 практикант. Практичната работа ќе вклучува 8 работни часови дневно со пауза од 30 минути за ручек.
Што нудиме?
- Пракса во пријатно работно опкружување
- Месечна компензација за практикантска работа
- Стекнување знаења од областа на сертификација со ISO (International Organization for Standardization) стандарди
- Работна етика
Кој може да аплицира?
Студентите од ФЕИТ (сите студиски програми) може да ги охрабриме да аплицираат. Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо со известување за ” ЛЕТНА ПРАКСА ” на следниов e-mail: info@inter-cert.net
тел: +389 2 6147674
ИНТЕРЦЕРТ дооел Скопје, е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.