Инспекциското тело ИТИС за инспекција на електроенергетски постројки има потреба од вработување дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика.
ИТИС е акредитирано инспекциско тело од ИАРСМ за инспекција на електроенергетски постројки. Покрај инспекциските активности во Р.С. Македонија, ИТИС се занимава и со теренски испитувања, надзор при фабрички испитувања и пуштање во работа на електроенергетска опрема на глобално ниво. Поради брзиот развој на компанијата и зголемување на побарувачката, потребен е дипломиран инженер по електротехника на позиција Стручно лице, Инспектор за електроенергетика кој би вршел тестирања на енергетски објекти за проекти во Македонија и во различни држави низ светот.
Кандидатите како минимум треба да ги има следните квалификации:
- Дипломиран електро инженер (сите електроенергетски студиски програми)
- Завршено техничко средно училиште – предност
- Искуство како електро инженер – предност
- Искуство / познавање на ATEX (Ex) регулатива – предност
- Познавање и работа со електрични шеми – препорачливо
- Одлично познавање на англиски јазик – неопходно
- Предност имаат кандидати кои добро го познаваат и германскиот јазик
- Расположеност за работа на меѓународни проекти во странство
- Одлични преговарачки способности со сите засегнати страни на терен
- Тимски играч и способност да работи под притисок на зададени рокови
- Подготвен за учење нови работи и решавање проблеми на терен
- Организираност и одговорност кон доверените задачи
- Комуникациски способности
- Возачка дозвола Б-категорија
Опис на работно место
- Испитување на електроенергетски постројки и опрема
- Надзор на фабрички испитувања и проценка на резултати
- Изготвување на извештаи од испитување
- Активно учество, доколку е потребно, во изготвување на технички процедури и записи
- И друго, во согласност со квалификациите и потребите
ИТИС нуди
- Динамична и интересна работна средина со амбициозен тим
- Континуирано усовршување и надградување
- Можност за учество и работа на меѓународни проекти
- Слобода за размислување и идеи (конструктивни и креативни)
Доколку се пронаоѓате и се чувствувате спремни за понуденото работно место, пратете ни Ваше CV, на е-маил адреса: info@itis.com.mk
Управител
Драган Христовски
ИТИС дооел Скопје