- Редовните студенти на прв циклус додипломски студии можат да станат корисници на субвенциониран студентски оброк под условите определени со Законот за субвенциониран студентски оброк (Службен весник на РСМ, бр. 31 од 10.2.2020 година).
- Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк ќе се врши по објавен Јавен повик на web страната на Министерство за образование и наука, по електронски пат, согласно Корисничкото упатство, кое исто така е достапно на горенаведениот link.
- Право на пријавување во августовскиот рок (од 1-ви до 31-ви август) имаат редовните студенти на прв циклус студии со запишан летен семестар во учебната 2020/2021 година.
- Во октомврискиот рок (од 1-ви до 31-ви октомври) право на пријавување имаат новозапишаните студенти во прва година во учебната 2021/2022, како и студентите кои не го запишале летниот семестар во учебната 2020/2021, а ќе го запишат зимскиот семестар во учебната 2021/2022 година.
КОРИСНИЧКО УПАТСТВО за електронаска апликација за субвенциониран студентски оброк
ЗАКОН за субвенциониран студентски оброк
ЗАКОН за изменување и дополнување на законот за субвенциониран студентски оброк