Оглас за доделување две стипендии од ОКТА на студенти од втор циклус студии

Последна измена: август 20, 2021

                                                                                                      

 

Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД – Скопје, на 11.08.2021 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје распишува

ОГЛАС

за доделување две стипендии на студенти од втор циклус студии

 

ОКТА АД – Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) доделува две стипендии на студентите кои во учебната 2021/2022 година првпат се запишуваат на втор циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, на една од следните студиски програми:

  • Обновливи извори на енергија;
  • Електроенергетски системи;
  • Електроенергетика;
  • Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој;
  • Електрични машини и автоматизација.

         I  УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

  Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

  1. Да има завршено прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
  2. Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
  3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;
  4. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  5. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.

         II ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  1. Пријава;
  2. Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
  3. Уверение – потврда за активно познавање англиски јазик;
  4. CV на македонски јазик.

        III ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2021/2022 година во висина од 1.500 евра.

         IV НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 04.10.2021 година. Документите може да се достават во архивата на факултетот или по пошта на адреса: Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, ул. Руѓер Бошковиќ бр.18, П. фах 574 – Скопје. Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

Контакт лице за дополнителни информации:

Ирена Богдановска Дичов 02 25 32 226 / 076 465 282 / i.bogdanovska@helpe.gr