С О О П Ш Т Е Н И Е – eлектронски упис на зимски семестар во учебната 2021/2022 за студентите запишани по првпат во прва студиска година

Последна измена: септември 29, 2021

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

Сите студенти запишани по првпат во прва студиска година (бруцоши) треба да извршат и електронско запишување на зимскиот семестар во учебната 2021/2022 година, како и предметите кои се слушаат во истиот во iKnow системот  во периодот од 29.9.2021 до 30.9.2021.

Во упатството за студенти имате подетално објаснување околу електронското запишување на семестар и предмети во iKnow системот.

НАПОМЕНА: Како изборен предмет странски јазик, задолжително треба да го запишете странскиот јазик што го избравте при уписот.

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ