На 3-ти октомври 2021 година се одржа 17тиот Wizzair Скопски маратон . ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници.
Огромен успех и оваа година постигна женската штафетна екипа која го освои првото место (златен медал), додека машкиот штафетен тим го освои 5-тото место. Успешен настап од тимот на ФЕИТ имаа Томислав Карталов кој истрча цел маратон, како и Маре Србиновска, Игор Наумовски и Виктор Сапунџиовски кои трчаа полумаратон.
Деканот на ФЕИТ им го честиташе одличното постигнување на сите маратонци, со желба и мотив за уште поголеми предизвици и успеси.
Спортски поздрав.
ФЕИТ/Peak2Peak