За Службата за Инфраструктура и технички инвентар која работи како дел од Секторот за Пристапни мрежи, во Областа на Главниот Директор за Техника потребно е да се ангажира еден практикант.
Овој практикант ќе биде ангажиран на поголем број на задачи за следниве цели:
- Средување на техничка документација и нејзина дигитализација
- Дигитализација на документација која се појавува во процесот на Легализација на бесправните објекти
- Дигитализација на дописи и договори
- Дигитализација на податоци потребни за внес во Инвентори системите
Соодветниот апликант треба да има основно познавање за работа на компјутер, да знае да ракува со основниот пакет на Microsoft Office и не треба да поседува некои други посебни квалификации.
Времето на ангажирање на соодветниот кандидат треба да биде во времетраење од 6 месеци до 1 година.
Заинтересираните студенти треба да испратат CV до Соња Каргова (sonja.kargova@telekom.mk)