16 ноември – 13 декември 2021
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Future Mobile and Wireless Broadband: LTE-A-Pro, WiFi, Satellites, 5G NR and AI” од 16 ноември до 13 декември 2021 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Academy: https://academy.itu.int
Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).
Овој курс ќе биде фокусиран на Future Mobile and Wireless Broadband: LTE-A-Pro, WiFi, Satellites, 5G NR and AI, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени мобилните broadband LTE/LTE-Advanced архитектури, 4G Evolved Packet Core (EPC), 4.9G LTE-A-Pro, 4.9G QoS и мобилниот Интернет пристап, целуларните Internet of Things (IoT), LTE во нелиценцирани опсези, LTE-A-Pro V2X и mission-critical сервиси, како и бизнис и регулаторните аспекти за мобилниот broadband. Понатаму, ќе бидат опфатени идниот wireless/satellite broadband, вклучувајќи ја WiFi Next Generation (WiFi 6), Extremely High Throughput WiFi (WiFi 7), интеграцијата на мобилните мрежи и WiFi, сателитските broadband системи, сателити за Интернет пристап, M2M/IoT преку сателит, идните сателити за 5G broadband пристап, како и бизнис и регулаторните аспекти за идниот безжичен и сателитски broadband. Потоа, курсот ќе ги опфати 5G New Radio (NR) пристапот и 5G Next Generation core, 5G network slicing и SDN/NFV, 5G QoS, 5G Fixed Wireless Access (FWA), 5G спектарот, Artificial Intelligence (AI) и Machine Learning (ML) во 5G, како и бизнис и регулаторните аспекти за идниот 5G mobile broadband. На крајот, курсот исто така ќе ги опфати VoLTE и VoNR, 5G Media Streaming и AR/VR/XR, 5G Broadcast и MBS, eMBB за 5G Интернет пристап и broadband сервиси, масивен MTC/IoT и паметни сервиси, URLLC сервиси (Industry 4.0, V2X, smart grids), идни IoT/BigData/AI сервиси во 5G, идните 5G OTT сервиси во однос на мрежната неутралност, како и бизнис и регулаторните аспекти за идните сервиси во 5G ерата.
Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Future Mobile and Wireless Broadband: LTE-A-Pro, WiFi, Satellites, 5G NR and AI, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Future Mobile and Wireless Broadband: LTE-A-Pro, WiFi, Satellites, 5G NR and AI се исто така добредојдени да учествуваат.
За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 15 ноември 2021.