Нашите најдобри студенти – успешни и во светот

Објавено: декември 7, 2021

Паулина Грнарова најдобро диломиран студент на ФЕИТ и доктор на науки на Универзитет ETH – Цирих e рангирана на престижната листа на магазинот Форбс – „30 under 30“. Рангирањето е резултат на новиот иновативен продукт базиран на вештачка интелигенција кој Грнарова го креираше во рамките на својот старт-ап „DeepJudge“, каде таа е коосновач и главен и извршен директор. Со користење на вештачката интелигенција креирана е платформата за унапредување на алатките во прaвната професија, со што ќе се овозможи поголема ефикасност на правните системи.

Паулина Грнарова – основач на старт-ап „DeepJudge“, на престижната листа на Форбс „30 under 30“, за својот продукт базиран на вештачка интелигенција

https://www.forbes.at/30-under-30.html

https://www.forbes.at/artikel/paulina-grnarova.html