Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во Служба за технички услуги – Југ – Регион Охрид во времетраење од максимум една година со полно работно време од 08:00 до 16:00 часот. Практичната работа се реализира во работни простории на Телеком во Охрид.
Aнгажираниот практикант би ги извршувал следниве активности:
- Следење на реализација на работните налози во регионот за исполнување на зададените КПИ параметри во работењето;
- Реализација на активности за презадолжување на работни налози во НЦ;
- Евидентирање на технички промени кон мрежните елементи, реализација на промена на физичка патека;
- Припрема на извештаи за реализирани трошоци во Сервисниoт Центaр и за реализирани активности;
- Работа во апликациите за евидентирање на технички податоци во OneERP, NetCracker, sCRM. BBSA, TT;
- Учество во процесите за оперативна поддршка на активностите во Регионот;
- Евидентирање, издавање и примање на материјали и опрема;
- Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата;
Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, и сакате да сте дел од технолошки развиена компанија не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 15.12.2021 на career@telekom.mk со назнака Пракса во техника- Регион Охрид.