КОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ
Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2018 на која Агенцијата ги повикува сите млади визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:
1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години
2. Доставените дела да се од следниве дисциплини:
Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см)~
Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200×200 см)~
Графика (со димензии не поголеми 100х70)~
Графички дизајн (плакат)~
Фотографија (со димензии не поголеми од 100х70 см)~
3. Делата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативни ракопис.
Изложбата по петти пат ќе се реализира оваа година, а има за цел да ги поддржи и стимулира младите во продуцирање на современо ликовно творештво, но и да направи пресек на современата ликовна продукција на најмладата генерација визуелни уметници.
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади автори и групи на возраст од 15 до 29 години, да достават свое дело на конкурсот. Секој кандидат учествува со по едно дело. Изложбата е селективна, а жирито ќе додели по една награда за уметнички достигнувања за петте дисциплини, во износ од 40,000 денари во категорија од 21 до 29 години, и по 30.000,00 денари во категорија од 15 до 20 години
Изложбата Young art 2018 ќе биде поставена по завршување на конкурсот.
Секој автор своето дело треба да го достави соодветно опремено (без да се гледа неговата сигнатура) заедно со плик во прилог во кој ќе ги има податоците за авторот (посебно копија од документ за лична идентификација, контакт телефон и меил адреса) и делото (опис на делото), а на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, во средината да биде назначена точната адреса на примачот.
Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот.
Адресата на која треба да се достават авторските дела е:
Агенција за млади и спорт
Сектор млади
Ул. Македонија бр.38, (Палата „Панко Брашнаров“) 1000 Скопје
Со назнака „за Конкурсот Млади уметници “
Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на mail: gordana@ams.gov.mk или nasuf@ams.gov.mk секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.
Рокот за доставување на делата е 30 дена, сметано од денот на објавување на конкурсот , осносно до 24 октомври 2018 година.
КОНКУРС ЗА МЛАДИ ПОЕТИ
Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој ги повикува сите млади да поднесат свои авторски творби, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:
1. Да се на возраст од 15 до 29 години
2. Да немаат објавено збирки на поезија.
3. Да достават најмногу две поетски творби.
Конкурсот за Млади поети се реализира по четврти пат, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобри творби, и тоа за прва награда се предвидени 20.000 денари, за втора награда 15.000 денари, а трета награда 10.000 денари, во две категории (прва категорија од 15 до 20 години, втора категорија од 21 до 29 години)
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои пишуваат поезија да ги достават своите дела на конкурсот. Истите ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2018 година.
Кандидатите своите дела треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „творби”, во кој ќе се наоѓаат творбите потпишани со шифра, а во другиот теба да се наоѓа документација за идентификацијата на испраќачот, (посебно копија од документ за лична идентификација), како и шифрата.
Адресата на која треба да се достават авторските дела е:
Агенција за млади и спорт
Сектор млади
Ул. Македонија 38, 1000 Скопје(Палата „Панко Брашнаров“)
Со назнака „за Конкурсот Млади поети “
Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат mail:gordana@ams.gov.mk секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.
http://ams.gov.mk/pochetna/20-odnosi-so-javnosta/soopstenija/1340-2018-09-25-07-49-07
Конкурсот трае 30 дена, сметано од денот на објавување, односно до 24 октомври 2018 година.