С О О П ШТЕНИЕ – Пријавување испити – втор циклус студии

Објавено: јануари 12, 2022

Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013-2020) за јануарска  испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во период од           

12.1 до 18.1.2022 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави  до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата  задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот.

По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 12.1.2022 година                                                                Одделение за студентски прашања на ФЕИТ