Оглас за вработување во ИТИС дооел Скопје

Објавено: јануари 26, 2022

Компанијата ИТИС дооел Скопје има потреба од вработување дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика.

ИТИС е акредитирано инспекциско тело од ИАРСМ за инспекција на електроенергетски постројки. ИТИС врши инспекциски активности, теренски испитувања, надзор при фабрички испитувања, пуштање во работа на електроенергетска опрема, монтажа на трансформатори и сл. Поради брзиот развој на компанијата и зголемување на побарувачката, потребен е дипломиран инженер по електротехника на позиција Стручно лице, Инспектор за електроенергетика кој би се вклопил во активностите за проектите во Македонија и во различни држави низ светот.

Кандидатите како минимум треба да ги има следните квалификации:

  • Дипломиран електро инженер (сите електроенергетски студиски програми)
  • Завршено техничко средно училиште – предност
  • Искуство како електро инженер – предност
  • Искуство / познавање на ATEX (Ex) регулатива – предност
  • Познавање и работа со електрични шеми – препорачливо
  • Одлично познавање на англиски јазик – неопходно
  • Познавање на германски јазик – предност
  • Можност и расположливост за работа на терен, во Македонија и на меѓународни проекти во странство, најмалку 60% од годишното работно време
  • Одлични комуникативни способности со сите засегнати страни на терен
  • Тимски играч и способност да работи под притисок на зададени рокови
  • Подготвен за учење нови работи и решавање проблеми на терен
  • Организираност и одговорност кон доверените задачи
  • Комуникациски способности
  • Возачка дозвола најмалку од Б-категорија
  • Поради барања на државите во кои се работи, пожелно е кандидатот да поседува меѓународно признат вакцинален КОВИД сертификат.

Опис на работно место

  • Испитување на електроенергетски постројки и опрема
  • Надзор на фабрички испитувања и проценка на резултати
  • Изготвување на извештаи од испитување
  • Активно учество, доколку е потребно, во изготвување на технички процедури и записи
  • И друго, во согласност со квалификациите и потребите

ИТИС нуди

  • Динамична и интересна работна средина со амбициозен тим
  • Континуирано усовршување и надградување
  • Можност за учество и работа на меѓународни проекти
  • Слобода за размислување и идеи (конструктивни и креативни)

Доколку се пронаоѓате и се чувствувате спремни за понуденото работно место, пратете ни поскоро Ваше CV, на е-маил адреса: info@itis.com.mk.

 

ИТИС дооел Скопје