Уписи – Втор циклус студии – втор уписен рок 2021/2022

Последна измена: февруари 22, 2022

К О Н К У Р С за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година.

Слободни места за запишување студенти на втор циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2021/2022

I. Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Втор циклус во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 година ќе се врши:

          од  7. 2. 2022 до 18. 2. 2022 година

 во Студентска служба на ФЕИТ од 12:30 до 14:00 часот

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

II. Запишувањето на кандидатите ќе се врши:

од  23. 02. 2022 до 25. 02. 2022 година

во Студентска служба на ФЕИТ од 12:30 до 14:00 часот

III.  Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист за запишување (А1 образец);
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – интерен и универзитетски пријавен лист;
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • Куса биографија (CV);
  • Потврда за активно познавање странски јазик;
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50)Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
  • Извод од матична книга на родените (оригинал);
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има);
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
  • Документи за евентуални награди – признанија (доколку има).

       РЕЗУЛТАТИ

IV. Потребни документи за запишување на применти кандидати:

  • индекс и пријавен лист – А3 образец  ( пополнети со предмети што се слушаат во прв семестар);
  • две фотографии (3,5 х 4,5);
  • статистички образец -ВОИ.80А (се добива во студентска  служба);
  • Уплата од прва рата.

 

Скопје,  1. 2. 2022 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ