СООПШТЕНИЕ
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со
Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – Скопје
Услови за аплицирање:
- Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
- Студентот да биде од некои од следниве смерови: Обновливи извори на енергија (ОИЕ) или Електроенергетика (ЕЕ).
- Студентот да има високо познавање познавање на Англиски јазик, способност за самостојна и тимска работа, одговорност, точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на е-маил и дописи.
- Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.
Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА АД – Скопје извршувајќи задачи во Секторот за Планирање и снабдување со гориво, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 01.06.2022 година.
Обврска на практикантот:
- Да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
- Континуирано да води дневник за текот на праксата.
- Задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.
Обврска на компанијата:
- Да му обезбеди ментор на практикантот.
- Да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
- Да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.
Цели на праксата:
- Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 18.05.2022 година.