31 мај – 27 јуни 2022
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „New Broadband Internet, Cloud Computing, IoT/AI and Future Services” од 31 мај до 27 јуни 2022 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Academy: https://academy.itu.int
Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).
Овој курс ќе биде фокусиран на New Broadband Internet, Cloud Computing, IoT/AI and Future Services, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени Интернет технологиите (IPv4, IPv6, TCP, UDP, DNS), IP transport и IPXs, HTTP 2.0, WWW, KPIs и end-to-end QoS во фиксни и мобилни broadband мрежи, cybersecurity, новиот Интернет кон 2030, како и регулаторните стратегии за broadband Интернет. Исто така ќе бидат вклучени и идниот broadband пристап и cloud computing, вклучувајќи пристап преку бакарна парица и кабел (MG.fast, DOCSIS 4.0), идниот FTTx оптички пристап (ITU’s NG-PONs), submarine cable, идниот сателитски broadband, мрежен слајсинг за фиксни и 5G мобилни мрежи, Cloud Computing архитектурите и сервисните модели според ITU, edge computing, како и бизнис и регулаторните аспекти на идниот broadband и cloud решенијата. Понатаму, курсот ќе ја опфати ITU рамката за Internet of Things (IoT), Web-based IoT, Big Data, ITU рамката за Artificial Intelligence (AI) и Machine Learning (ML), Intelligent IoT, Blockchain за IoT податоци, Quantum Internet, како и нивните бизнис и регулаторни аспекти. На крајот, курсот исто така ќе ги вклучи и идните телеком сервиси (ITU Network 2030), идните TV и video/VR/AR, cloud native, телеком и OTT edge-cloud/IoT/AI сервиси, идните IoT/AI базирани сервиси (Industrial IoT, Smart City, smart сервиси), идните OTT сервиси (идниот Web, виртуелен десктоп, cloud gaming, идните социјални медиуми). Притоа ќе биде дадена и споредба на јавниот Интернет и сервисите со QoS/QoE гаранции, а че бидат опфатени и новата дигитална економија и пазари, како и бизнис и регулаторните аспекти на идните телеком, clouds/IoT/AI и OTT сервиси.
Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на New Broadband Internet, Cloud Computing, IoT/AI and Future Services, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на New Broadband Internet, Cloud Computing, IoT/AI and Future Services се исто така добредојдени да учествуваат.
За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 30 мај 2022 година.