Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ09003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3 + 0 + 0 + 3

Наставник: Вонр. проф. д-р Александра Крколева Матеска

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на придобивките и проблемите кои произлегуваат од интеграцијата на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и дисперзирано производство (ДП) во електроенергетските системи (ЕЕС), како и оспособеност за изведување на едноставни анализи за конкретни примери на приклучување на производни единици од ОИЕ и нивното влијание врз приликите во електроенергетските мрежи.

Содржина на предметната програма: 1.Вовед во проблематиката на интеграција на ОИЕ во ЕЕС. Воведни поими: електроенергетски систем, пренос и дистрибуција на електрична енергија; преглед на технологии за производство на електрична енергија од ОИЕ; интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС; ДП во ЕЕС; ниво на учество на производството од ОИЕ во ЕЕС.   2.Проблематика на приклучување на ОИЕ во преносните електроенергетски мрежи. Преглед на актуелните состојби во Европа. Проблеми поврзани со интеграцијата – влијание врз фреквенцијата и доверливоста на ЕЕС. Можности за учество на производните единици кои користат ОИЕ за обезбедување на системски услуги. Анализи со примена на соодветен софтверски пакет. 3.Проблематика на приклучување на дисперзираното производство во дистрибутивни електроенергетски мрежи. Преглед на актуелните состојби во Европа. Технички влијанија на ДП врз дистрибутивните системи. Мрежни аспекти на ДП. Анализи со примена на соодветен софтверски пакет. 4.Нови интелигентни концепти во ЕЕС. Интелигентни електрoенергетски мрежи. Технологии на ниво на преносна мрежа. Технологии на ниво на дистрибутивна мрежа. Можности за зголемување на нивото на учество на производстовто од ОИЕ во рамките на новите концепти. Концепт на виртуелна електрична централа. Концепт на микромрежа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Leon Freris, David Infield Renewable Energy in Power Systems John Wiley and Sons, Ltd 2008

2

Felix A. Ferret, M. Godou Simoes Integration of Alternative Sources of Energy IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd 2006

3

Math Bollen, Fainan Hassan Integration of Distributed Generation in the Power System IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd 2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

N. Jenkins et al. Embedded Generation The Institute of Engineering and Technology 2000

2

N. Jenkins, N. Hatziargyriou, J. A. Pecas Lopes Tutorial on Integration of Dispersed Generation in Distribution Networks IEEE Porto Power Tech 2001