ФЕИТ преку Центарот за кариера, а во соработка со ФСС-ФЕИТ и СТЕП УП продолжува со серија на работилници, обуки и предавања. Тие се наменети за студентите со цел да им се помогне во нивниот развој и подготовка за понатамошно професионално градење како идни инженери спремни да се вклучат на пазарот на трудот.
Втората работилница се одржа во петок, 20.05.2022 на која се обработија следните теми:
- Запознавање и вовед во процесот за барање работа и пракса
- Откривање на лични афинитети
- Идентификација на потенцијални работодавачи, канали за контакти
- Креирање на личен бренд
- Подготовка на апликација со CV и мотивациско писмо
- Деловно комуницирање
- Практични вежби и совети
- Подготовка за интервју, вежби и симулација
Работилницата беше дизајнирана и приспособена врз основа на насоките и советите на врвни експерти во оваа област и врз база на долгогодишното сопствено искуство на обучувачот и се реализира со целосна интеракција со учесниците, преку низа на практични примери, вежби, симулација на реални ситуации и вклученост на сите учесници. Со тоа студентите ги унапредија своите комуникациски вештини, стратегиското размислување, истражувачките вештини, креативноста, вештините за лична презентација, активно слушање, давање повратна информација, поставување прашања и одговорите, како и невербална комуникација.
Работилницата ја водеше Дарко Петровски, м-р/МБА, обучувач, експерт и консултант за деловен менаџмент и развој на луѓе, основач на Талент бизнис инкубаторот „Степ-ап“, долгогодишен менаџер за човечки ресурси и актуелен претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), со 15 годишно искуство во регрутирање, особено на млади таленти и повеќе од 15.000 интервјуа во текот на својата професионална кариера. Автор е на книгата Стратешки пристап кон менаџментот со таленти.