Предмет: Принцип на работа и карактеристики на сончеви ќелии
Код: 3ФЕИТ02021
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3 + 0 + 0 + 3
Наставник: Проф. д-р Верка Георгиева
Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните принципи на работа на сончевите ќелии како директни преобразувачи на сончевата енергија во електрична и нивните карактеристики, со што студентот се оспособува како да ги препознае ефикасните сончеви ќелии и панели, да се запознае со техниките за производство на сончеви ќелии и како да дојде до поголема ефикасност.
Содржина на предметната програма: Вовед. Внатрешен фотоефект. Апсорпција на светлината во полуспроводници. Принцип на работа на сончевите ќелии. Видови на сончеви ќелии. Еквивалентно коло на сончева ќелија. Волт – амперска карактеристика на сончева ќелија. Карактеристики на реална сончева ќелија. Снимање на карактеристиките на реална ќелија. Коефициент на полезно дејство на сончева ќелија. Фактори кои влијаат врз ефикасноста на сончевите ќелии. Зависност на ефикасноста од ширината на забранетата зона. Концепти за подобра ефикасност на сончевите ќелии. Нови материјали за сончеви ќелии. Сончеви ќелии со наноструктурни филмови. Сончеви фотоволтаични централи. Визија за иднината на сончевите ќелии.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Miro Zeman | Solar cells | TU Delft OCW: (ET4149) | 2010 |
2 |
H.S.Rauschenbach | Solar Cell Array Design Handbook. The Principles and Technology of Photovoltaic Energy | New York | 1990 |
3 |
В.Георгиева | Сончеви ќелии | Учебно помагало за интерна употреба | 2013 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Peter Wurfel | Physics of Solar Cells- From Basic Principles to Advanced Concepts WILEY | Wiley-vch verlag gmbh | 2009 |