Предмет: Техноекономски аспекти на обновливи извори на енергија
Код: 3ФЕИТ04023
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Атанас Илиев
Цели на предметната програма (компетенции): Оспособеност за изработка на техноекономски анализи потребни за проектирање и експлоатација на ОИЕ. Стекнување на знаење за начините за финансирање и економска евалуација на проекти на ОИЕ. Стекнување знаење за техничките аспекти на интеграцијата на ОИЕ во ЕЕС.
Содржина на предметната програма: Проценка на очекувано производство на електрична енергија од одделни типови на ОИЕ. Цена на чинење на инсталиран kW и произведен kWh кај различни типови на ОИЕ. Повластени тарифи за електрична енергија произведена од ОИ. Анализа на исплатливоста на инвестиционите вложување. Економски и финансиски показатели (NPV, IRR, ROI, PI) за прифатливост на проекти за градба на ОИЕ. Анализа на осетливост. Влијание на неопределеноста и неизвесноста врз техничките и економските аспекти на проектот. Study case – мала ХЕЦ, ВЕЦ, ФВЕЦ. Услови за приклучување на електраните на ОИЕ во ЕЕС. Мрежни правила. Избор и димензионирање на опремата во разводната постројка за поврзување на ОИЕ на мрежа. Влијание на варијацијата на моќноста кај одделни типови ОИЕ врз работата на ЕЕС. Распределба на моќности во мрежи со ОИЕ.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Атанас Илиев | Одбрани поглавја од техноeкономски аспекти на ОИЕ | ФЕИТ (интерна сктрипта) | 2015 |
2 |
Chan S. Park | Fundamentals of Engineering Economics | Pearson Int. Edition | 2009 |
3 |
Martin Kaltschmitt, Wolfgang Streicher, Andreas Wiese | Renewable Energy – Technology, Economics and Environment | Springer-Verlag Berlin Heidelberg | 2007 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Leon Freris | Renewable Energy in Power Systems | A John Wiley & Sons, Ltd | 2009 |
2 |
Избрани трудови | IEEE Transaction on Power Systems & Power Delivery | IEEE Press | 2017 |