Методи за испитување на електрични машини

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Методи за испитување на електрични машини

Код: 3ФЕИТ02017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Крсте Најденкоски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции да изведува контролни испитувања на електрични машини и трансформатори, да користи стандарди за испитување на опрема, како и да изработува испитни протоколи.

Содржина на предметната програма: Избор на испитна опрема. Подготвителни активности за тестирање/ инспекција. Стандардни испитувања на електричните машини и трансформатори. Методи за мерење на: отпорност, капацитивност и агол на диелектрични загуби на изолцаиониот систем, капацитивност и агол на диелектрични загуби на проводните изолатори, преносен однос, и струја на магнетизирање со низок напон, растурен индуктивитет на трансформатор, спектар на поларизација со повратен напон, парцијални празнења со методот базиран на ултразвук, бучава и вибрации, контрола на регулационата преклопка, загревање на статорско магнетно јадро. (stator core test), обид на загревање на трансформатор. Системи за автоматизирано испитување на електрични машини. Аквизиција на мерните податоци. Методи за оптоварување при автоматизирано испитување.  Определување на коефициентот на полезно дејство: директна метода, метод на рекуперација, калориметриска метода.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. Gupta Testing of Transformers & Induction Machines CreateSpace; 1st edition 2012

2

S.V. Kulkarni, S.A. Khaparde Transformer Engineering: Design and Practice CRC Press; 1 edition 2004

3

Paul Gill Electrical Power Equipment Maintenance and Testing CRC; 1 edition 1997

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

I. Boldea  S. A. Nasar The Induction Machine Handbook Electric Power Engineering Series, CRC; 1 edition 2001

2

I.Kerszenbaum Inspection of large Synchronous Machines IEEE Press, New York 1996