Предмет: Развој на интелигентни електроенергетски мрежи
Код: 3ФЕИТ09009
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:
Наставник: Доц. д-р Александра Крколева Матеска
Цели на предметната програма (компетенции): Унапредување на знаењата за интелигентни електроенергетски мрежи. Способност да се анализираат проблемите поврзани со работата и управувањето на преносните и дистрибутивните мрежи применувајќи ги новите технологии и концепти карактеристични за интелигентните мрежи.
Содржина на предметната програма: 1. Технолошка архитектура за развој на интелигентни мрежи (ИМ) и клучни технологии за развој. Трансформација на современите електренергетски мрежи во ИМ – потребни чекори од аспект на регулаторна рамка, стандарди, технологии и трошоци. 2. Структура на ИМ. Значење на интероперабилноста и стандардите за развојот на ИМ. Технички системи за управување – интелигентни системи за мерење, системи за следење и прибирање податоци, системи за управување на ИМ. 3. Работа и управување на ИМ. Формулација и решение на прблемот на распределба на моќности, регулација на напони и анализа на испади во ИМ. Улога на дисперзираното производство и на складирањето на електричната енергија врз ИМ – потреба од нови алгоритми за управување на ИМ. Улога на потрошувачите и програми за управување со оптоварувањето во рамките на ИМ. 4. Влијание и механизми на заштита на околината во развојот на ИМ. Технолошки платформи на интелигентни мрежи – искуства и нови сознанија.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
J. Momoh | Smart Grid – Fundamentals of Design and Analysis | IEEE Press | 2012 |
2 |
Clark W. Gellings | The Smart Grid: Enabling Energy Efficiency and Demand Response | CRC Press | 2009 |
3 |
S. F. Bush | Smart Grid: Communication – Enabled Intelligence for the Electric Power Grid | Wiley – IEEE | 2014 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
S.P.Chowdhury, P.Crossley | Microgrids and Active Distribution Networks | Institution of Engineering and Technology | 2009 |
2 |
Mini S. Thomas, J. D. McDonald | Power System SCADA and Smart Grids | CRC Press | 2015 |