1. Наслов на наставниот предмет | Доверливост на ЕЕС | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09З004 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Петар Крстевски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Електрични мрежи, Математика 4 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Владеење со теоријата на доверливост, индексите на доверливост и методите за анализа на доверливоста на системите. Совладување, разбирање и примена на основните концепти и принципи за оценка на доверливоста на одделните сегменти (производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија) како и на самите сложени електроенергетски системи (ЕЕС) разгледувани интегрално. Оспособеност за изнаоѓање на најефикасните мерки и техники за зголемување на доверливоста на ЕЕС. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Поим за доверливост на системи. Необновливи системи – карактеристични функции и показатели. Определување на показатели за доверливост од податоци при експлоатација на елементи од системот. Карактеристични распределби на веројатност. Обновливи системи – дијаграми на состојби и показатели. Експоненцијална распределба на времиња на исправна работа и обновување. Сложени системи кои можат да се опишат со Mаркови процеси. Стационарни показатели на доверливоста на системите. Мрежи – елементарни мрежни структури, сложени мрежи. Минимални пресеци. Минимални патишта. Сложени системи – стебло на грешка, пребарување. Метод на Монте Карло симулации. Модели на извори во ЕЕС – модел со две состојби, група на извори, врвни електрани. Показатели на доверливост на изворите. Расположлива моќност на изворите. Модел на конзумот. Анализа на доверливоста на изворите во еден ЕЕС – детерминистички постапки и Монте Карло Симулација. Доверливост на системот за дистрибуција на електрична енергија – специфики на дистрибутивните системи, локација и поправка на дефекти. Пресметка на индексите на доверливост на дистрибутивните системи. Пресметка на доверливоста на системот за пренос на електрична енергија. Индекси на доверливост на системот за пренос. Поврзани ЕЕС. Интерконекции. Ограничувања во размената на енергија. Интегрални ЕЕС. Анализа на структурата на ЕЕС. Едновремени испади. Анализа на работата на системот и пресметка на показателите на доверливост. Техничко-економски анализи. Штети поради прекини во напојувањето. Избор на најповолно решение. |
||||||||
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и практични примери, интерактивност на часовите, консултации и изработка на домашни/проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на предавањата и вежбите | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни/проектни задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути. Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите и домашните/проектни задачи, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | П. Крстевски | Доверливост на ЕЕС (интерна скрипта) | ФЕИТ, Скопје | 2020 | ||||
2 | Р. Ачковски | Одбрани поглавја од доверливост на ЕЕС (умножени предавања на постдипломски студии) | ФЕИТ, Скопје | 2007 | ||||
3 | J. Nahman | Metode analize pouzdanosti elektroenergetskih sistema | Naučna knjiga, Beograd | 1992 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. Čepin | Assessment of Power System Reliability: Methods and Applications | Springer | 2011 | ||||
2 | R. Billinton, R. Allan | Reliability Evaluation of Power Systems | Springer | 1996 | ||||
3 | A. A. Chowdhury and D. O. Koval | Power Distribution System Reliability | Wiley | 2009 |