Режими на работа на ЕЕС

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Режими на работа на ЕЕС
2. Код 4ФЕИТ09З021
3. Студиска програма ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Петар Крстевски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Електрични мрежи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Разбирање на принципите на работа на електроенергетските системи (ЕЕС), оспособеност за анализа на различни режими на работа на ЕЕС, совладување на техники за оптимизација на работата на ЕЕС со цел минимизација на трошоци за работа, загуби на енергија и/или емисии на гасови со задоволени ограничувања на режимските параметри на ЕЕС.
11. Содржина на програмата: Функционирање на ЕЕС. Карактеристики на потрошувачката и оптоварувањето во ЕЕС. Дневни дијаграми на оптоварување и нивна апроксимација. Трошоци за работа на генераторите во термоцентралите. Генерален проблем на економски диспечинг – оптимална работа на ЕЕС составен од термоцентрали. Систем без преносна мрежа. Систем со загуби на моќност во преносот. Моделирање на преносни мрежи. Метод на јазлови потенцијали. Наизменичен модел. Еднонасочен модел. Врска помеѓу моќностите на гранките и моќностите на генераторите. Оптимална работа на ЕЕС составен од термоцентрали и преносна мрежа моделирана со еднонасочниот модел. Работа на ЕЕС во услови на недоволни производно-преносни капацитети на системот. Интерконекции на ЕЕС. Пресметка на прекугранични преносни капацитети. Сигурносни критериуми за работа на преносните мрежи. Дистрибутивни фактори. Оптимални текови на моќност – оптимална работа на ЕЕС составен од термоцентрали и преносна мрежа и моделирана со наизменичен модел. Проблем на ангажирање на генератори во електрични централи без и со преносна мрежа. Координација на работата на ЕЕС составен од термо и хидроцентрали. Пробабилистичка симулација на работата на ЕЕС. Примена на алатки во MATLAB и Python за решавање на оптимизациски проблеми од работењето на ЕЕС.
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и практични примери, интерактивност на часовите, консултации и изработка на домашни/проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и вежбите
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни/проектни задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути.
Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите и домашните/проектни задачи, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот е дозволено користење на литература во печатена форма, но не и мобилен телефони, таблет или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 М. Тодоровски, Р. Ачковски Режими на работа на ЕЕС (интерна скрипта) ФЕИТ, Скопје 2015
2 A. J. Wood, B.F. Wollenberg Power Generation, Operation and Control (Second Edition) John Wiley & Sons 1996
3 J. A. Momoh Electric Power System Applications of Optimization Marcel Dekker 2004