1. Наслов на наставниот предмет | Квалитет на електрична енергија | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09Л010 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Јовица Вулетиќ | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со терминологијата и потребата од квалитетно напојување со електрична енергија. Добивање на основни познавања за причинители на пореметувања во квалитетот на напојувањето, запознавање со начините и методологијата за решавање на проблеми од областа на квалитет на електрична енергија. Способност за моделирање, мониторинг, мерење и анализа на резултати. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед, терминологија и класификација на појави опфатени со квалитетот на електрична енергија. Хармоници и резонанса. Напонски јами/пропади и скокови, краткотрајни и долготрајни прекини. Транзиентни пренапони. Фликер. Напонска несиметрија, засеци и шум. Стандардни нисконапонски системи. Заземјување и ожичување како фактор на квалитетот на електрична енергија. Следење на квалитетот на електрична енергија. Мерна опрема, прилагодување и избор на мерени и влезни големини. Стандарди (EN 50160, IEEE 519). | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби и користење на софтверски алатки. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработка на лабораториски вежби и редовна посетеност на настава. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Испитите се составени од писмен дел. Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и да ги предаде според договорена динамика на почетокот од семестарот. Завршната оценка се определува од поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Ристо Ачковски | Квалитет на електрична енергија | ФЕИТ | 2013 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | R.C. Dugan, M.F. McGranahan, S. Santoso, H.W. Beaty | Electrical Power Systems Quality | McGraw – Hill | 2004 | ||||
2 | A. Baggini | Handbook of Power Quality | John Wiley & Sons | 2008 | ||||
3 | G. Vijayaraghavan, M. Brown, M. Barnes | Grounding, Bonding, Shielding and Surge Protection | Elsevier | 2004 |