Предмет: Оптимална работа на изворите во ЕЕС
Код: 3ФЕИТ04014
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Софија Николова-Поцева
Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаење за примена на методите и техниките за решавање на проблемот на оптимална распределба на оптоварувањето помеѓу електричните централи во сложен електроенергетски систем. Студентот е оспособен за користење на современи софтверски алатки за решавање на оптималното водење на електрични централи.
Содржина на предметната програма: Поделба на дијаграмот на оптоварување на константен и варијабилен дел. Пополнување на дијаграмот на оптоварување со производството од различни типови на електрични централи. Флексибилен пристап кон оптимизационата задача од аспект на периодот на оптимизација и различна поделба на временските интервали (број и должина). Моделирање на термоелектрични централи (ТЕЦ). Трошковни и енергетски карактеристики на ТЕЦ. Земање предвид на ремонтите кај ТЕЦ. Моделирање на хидроелектрични централи (ХЕЦ) (проточни, акумулациони и реверзибилни ХЕЦ). Режими на работа на ХЕЦ од аспект на хидролошките услови и од можностите за полнење и празнење на акумулацијата. Моделирање на ветерни електрични централи. Методологија за одредување на оптимален број на агрегати во погон кај хидроелектрични централи. Решавање на сложени хидраулични системи и моделирање на каскадно врзани ХЕЦ. Оптимална работа на конвенционалните електрични централи во сложен енергетски систем со интегрирани ветерни електрични централи. Повеќекритериумски услови при оптимизација: билансирање на води кај секоја ХЕЦ за одреден период, биланс помеѓу дотечната и потрошената вода. Примена на MATLAB за решавање на проблемот на оптимална распределба на моќности помеѓу електричните централи во сложен електроенергетски систем.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Milan S. Ćalovic, Andrija T. Sarić | Eksploatacija elektroenergetskih sistema | Beopres | 1999 |
2 |
P. S. R. Murty | Operation and Control in Power Systems | BS Publications | 2008 |
3 |
Jizhong Zhu | Optimization of Power System Operation | Wiley-IEEE Press | 2009 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Hrvoje Požar | Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima | Informator, Zagreb | 1983 |
2 |
D. P. Kothari, J. S. Dhillon | Power System Optimization | Motilal UK Books of India | 2004 |