1. Наслов на наставниот предмет | Мобилна роботика | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01Л008 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Горјан Наџински | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Роботика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање на студентите со предизвиците на моделирање и управување со мобилни роботи. Оспособување на студенти за работа со мобилни роботи и имплементација на алгоритми за интерпретација на околината и нивно управување, процесирање на податоци и мапирање на непосердната околина на роботите. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед и мотивација; Концепти на локо-моторни системи. Основи на погони за придвижување на роботи; Сензори и актуатори за мобилни роботи; Кинематика и динамика на мобилни роботи – земни возила; Кинематика и динамика на мобилни роботи – летала. Концепти на управување на земни возила и летала. Локализација, перцепција и SLAM – Симултано Локализирање и Мапирање. Работа со оперативниот систем за роботи – ROS: податочен систем, конструирање пакети,изучување на основните компонените на сервисите во ROS, создавање извори и претплатници во ROS. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 30 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Уредно изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот . 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, и успешно го имаат реализирано и презентирано проектот, се смета дека го положиле предметот. Презентација на проектот се одвива во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените добиени од проектот. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Roland Siegwart, Illah Reza Nourbakhsh, Davide Scaramuzza | Introduction to Autonomous Mobile Robots, Second Edition | MIT Press | 2011 | ||||
2 | Sebastian Thrun, Wolfram Burgard, Dieter Fox | Probabilistic Robotics | MIT Press | 2005 |