Системи за мерење и аквизиција на податоци

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Системи за мерење и аквизиција на податоци
2. Код 4ФЕИТ03Л010
3. Студиска програма NULL
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Маре Србиновска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Способност за проектирање и развој на системи за мерење и аквизиција на податоци.
11. Содржина на програмата: Вовед во системи за прибирање податоци, архитектури на системи за прибирање податоци, општо за микропроцесорско-базирани мерни инструменти. Обработка и пренос на мерни сигнали, еднокрајни и диференцијални сигнали, прилагодување на мерни сигнали, мерни засилувачи. Филтрирање, ограничување, галванска изолација, напонски и струјни јамки. A/D конверзија, карактеристики на A/D конверторите, временско/дигитална конверзија. Извори на грешки кај системите за аквизиција на податоци, капацитивно спрегнување, електромагнетни пречки, пренапони и транзиенти.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби
20. Начин на полагање на испитот Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот.
1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го
положиле завршниот писмен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, и проектните задачи.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, и проектните задачи.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Measurement Computing Corporation Data Acquisition Handbook MC measurement computing 2012