1. Наслов на наставниот предмет | Дигитална и индустриска електроника | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05Л009 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/4 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Томислав Карталов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушани: Електроника 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Располага со познавања за принципот на работа на дигиталните кола и склопови, нивните можности и ограничувања. Разбира фундаментални концепти од енергетската, индустриската и импулсната електроника. Располага со општи познавања за оптоелектоничките елементи, нивните принципи на работа, можности, ограничувања и примена. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Основни параметри на логички кола. Фамилии на логички кола: ТТЛ, ECL, NMOS, CMOS, фамилија со пропусни порти (Pass-transistor logic). Динамички CMOS инвертор, каскадирање, домино логика. Дизајн на комбинациони кола. Регистри и бројачи. Дизајн на секвенцијални кола. Програмабилни логички направи. Репрограмабилни мемории (ROM, PROM, EPROM, EEPROM, FLASH). Мемории со произволен пристап (SRAM). Наменски RAM мемории (асинхрони DRAM), Синхрони DRAM мемории (SDRAM, DDR, RDRAM). Операциски засилувач во нелинеарен режим: компаратор, Шмитов тригер, мултивибратори. Тајмер 555 и негова примена. Прецизни насочувачи, детектор на врвна вредност. Импулсни кола со БЈТ и МОСФЕТ. Функциски генератор. DC/DC конвертори. Инвертори (DC/AC конвертори). AC/AC конвертори. Напонска и струјна заштита. LED диоди и дисплеи, погонски кола за LED диоди. Полупроводнички ласери. Фотоелементи: фотодиоди, фототранзистори, фотоотпорници, оптокаплери. Оптички влакна, засилувачи, емитери и детектори. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 90 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 20 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од по 90 минути), кои вклучуваат задачи со зададени нумерички вредности и теоретски прашања. Алтернативно, во испитните сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Студентите кои ги положиле парцијалните испити, или писмениот испит, добиваат конечна оценка за положување на предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити (или писмениот испит), како и поените од активност и континуирано учење (присуство и активност на часови и на лабораториски вежби). За време на испитот Е дозволено користење на секој пишан материјал: книги, скрипти, ракописи, табели, каталози или белешки од кој било вид. НЕ е дозволено користење на електронски уреди, освен калкулатор. Дозволено Е користење на моливи, пенкала, фломастери, боички, (во сите бои освен црвена), гуми, коректори, острилки, линијари, шестари, шаблони и други механички помагала за пишување. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација, анкети, разговори со студентите. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Adel S. Sedra, Kenneth C. Smith | Microelectronic Circuits – Sixth Edition | Oxford University Press | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Mohan, Ned, Tore Undeland, and William Robbins | Power Electronics: Converters, Applications, and Design. 2nd ed. | NY: John Wiley & Sons | 1995 |