1. Наслов на наставниот предмет | Основи на вештачка интелигенција | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01З013 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Весна Ојлеска Латкоска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Програмирање и алгоритми | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основите на вештачката интелигенција; оспособување за самостојно решавање на практични инженерски задачи и проблеми од вештачката интелигенција. | ||||||||
11. Содржина на програмата: 1. Вовед во вештачката интелигенција (ВИ). 2. Интелигентни агенти и нивната околина. 3. Решавање проблеми во ВИ: формулирање проблем во ВИ, мерка за успешност на решението на еден проблем во ВИ, поим за слепо и евристичко, неоптимално и оптимално пребарување, различни постапки за слепо пребарување, постапки за евристичко пребарување, проблеми со ограничувања – дефиниција, постапка, примери. 4. Игри во ВИ: поим за оптимално одлучување во игрите, поим за оптимални стратегии во игрите, функција за проценка на позициите во игрите, МИНИМАКС алгоритамот, игри со повеќе играчи, алфа-бета отсекување, игри на среќа. 5. Учење: облици на учење, стебла на учење, статистички методи на учење, примена во играњето игри, примена во роботиката. 6. Невронски мрежи: структура на невронските мрежи, видови невронски мрежи и нивно обучување. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби, како и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 10 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 10 | |||||||
16.3. Домашно учење | 85 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 5 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 5 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и домашни и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот. 1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Дополнително, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, домашните и проектните задачи, како и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, домашните и проектните задачи, како и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Stuart Russell, Peter Norvig | Artificial Intelligence A Modern Approach, Fourth Edition | Pearson education limited | 2021 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Елизабета Лазаревска | Предавања по предметот Машинско учење | ФЕИТ, УКИМ | 2017 | ||||
2 | Елизабета Лазаревска | Збирка решени задачи по вештачка интелигенција | УКИМ | 2020 |