1. Наслов на наставниот предмет | Управување и диспечинг во ЕЕС | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09З024 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Александра Крколева Матеска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Електрични мрежи, Високонапонски мрежи и системи Ислушани: Компјутерски методи за анализа на ЕЕС |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Целите на предметот се стекнување компетенции поврзани со управувањето на електроенергетските системи и со техничките системи за управување на електроенергетските системи, нивната структура и функции (следење, управување и оптимизација). Разбирање на принципите на сигурна работа на електроенергетските системи. Разбирање на основните принципи на регулација на фреквенција и напони во електроенергетски системи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Потреба од управување во електроенергетските системи (ЕЕС). Интерконектирани ЕЕС – основни поими и дефиниции, мрежни правила. Сигурна работа на ЕЕС. Работни состојби во ЕЕС. Основни принципи и методи за регулација на фреквенција и регулација на напони во ЕЕС. Задачи на системите за управување на ЕЕС (следење, управување, оптимизација). Прибирање мерени податоци од ЕЕС (телемерења). Основни карактеристики на SCADA и примена во ЕЕС. Современи системи за управување на ЕЕС, нивна структура (EMS, DMS) и функции. Национални контролни (диспечерски центри) и диспечерски центри во дистрибутивни системи. Методи за следење и проценка на состојба на ЕЕС. Математичка формулација на оптимизационите проблеми на управување. Управување и редиспечинг за решавање на проблеми во реално време. Управување на ЕЕС во вонредни работни состојби. | ||||||||
12.Методи на учење Теоретска настава, аудиториски вежби, домашни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од теоретски прашања и задачи. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | P. S. R. Murty | Operation and Control in Power Systems, Second Edition | Routledge, CRC Press | 2011 | ||||
2 | A. J. Wood, B. F. Wollenberg | Power Generation, Operation and Control | John Wiley & Sons | 1996 | ||||
3 | A. Abur, A. G. Exposito | Power System State Estimation | Marcel Dekker | 2004 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | P. Kundur | Power Systems Stability and Control | McGraw-Hill | 1994 | ||||
2 | А. Крколева, П. Крстевски | Управување и диспечинг во ЕЕС (интерна скрипта) | 2016 | |||||
3 | A. S. Debs | Modern Power System Control and Operation | Kluwer Academic | 1988 | ||||
4 | S. A. Boyer | SCADA: Supervisory Control and Data Acquisition | Iliad Engineering | 2004 |