1. Наслов на наставниот предмет | Основи на електроенергетски системи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09З015 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ,КТИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/3 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Александра Крколева Матеска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Основи на електротехника Ислушан: Основи на електрични кола |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Целта на предметот е стекнување компетенции поврзани со принципите на развој и на начинот на работа на електроенергетските системи. Разбирање на начинот на пренос, дистрибуција и снабдување на електрична енергија во современите електроенергетски системи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Воведни дефиниции и поими за електроенергетските системи (ЕЕС). ЕЕС на Република Северна Македонија: чинители и дејности. Основни карактеристики на системите за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Основни принципи на работа на ЕЕС. Еднонасочни и наизменични системи.Трифазни ЕЕС. Моќност и енергија. Искористување на електрична енергија. Основни карактеристики и моделирање на елементите на ЕЕС. Пад на напон, загуба на напон, загуба на моќност во елементите на ЕЕС. Проблем на распределба на моќности во ЕЕС. Основни карактеристики на нисконапонски електроенергетски инсталации. Трансформација на современтие ЕЕС во интелигентни електроенергетски мрежи – нови можности за примена на информациски и комуникациски технологии во ЕЕС. Интелигентни електроенергетски мрежи, интелигентен дом. |
||||||||
12.Методи на учење Теоретска настава, аудиториски вежби, програмски задачи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно присуство на предавања и вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од теоретски прашања и задачи. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | A. von Meier | Electric Power Systems | IEEE Press, John Wiley & Sons | 2007 | ||||
2 | В. Стрезоски | Основи на електроенергетика | ФТН-Нови Сад | 2019 | ||||
3 | Р. Ачковски | Преносни и дистрибутивни системи | ЕТФ – Скопје | 1995 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | S. W. Blume | Electric Power System Basics | IEEE Press, John Wiley & Sons | 2007 | ||||
2 | Р. Ачковски, М. Тодоровски | Збирка задачи од областа на преносните и дистрибутивни системи | ФЕИТ – Скопје | 2007 |