1. Наслов на наставниот предмет | Регулатива во електроенергетика | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09Л020 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ,ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Александра Крколева Матеска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на компетенции поврзани со регулативата во електроенергетскиот сектор. Разбирање на енергетските политики на ЕУ, регионот и Република Северна Македонија. Разбирање на процесот на енергетска транзиција. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Историски развој на регулативата и политиките на ЕУ во областа на енергетиката. Енергетска унија – „зелен енергетски развој“, сигурност во снабдувањето со енергија и единствен пан-Европски пазар на енергија. Енергетска заедница – Договор за Енергетска заедница, обврски за имплементација на европско законодавство и очекувани придобивки. Регионални иницијативи – регионални пазари на енергија, инфраструктурно поврзување, регионално планирање на ресурсите. Пакет закони Чиста енергија за сите Европејци: регулативи и директиви. Пазар на електрична енергија: директиви, регулативи и мрежни правила. Законска и подзаконска рамка во Република Северна Македонија. Закон за енергетика и основни подзаконски акти. Институции и чинители. Структура на пазарот на електрична енергија: Учесници на пазарот; Институции на пазарот. Стратешки определби на Република Северна Македонија во областа на енергетиката и очекуван развој. | ||||||||
12.Методи на учење Теоретска настава, вежби, задачи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно присуство на предавања и вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од теоретски прашања и задачи. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | D. Buschle, H. Lesjak (Eds.) | The Energy Community Legal Framework 2010 | Energy Community Secretariat | 2013 | ||||
2 | В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски | Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзината меѓународна позиција | ФЕС – Скопје | 2020 | ||||
3 | В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски | Анализа на правната рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија | ФЕС – Скопје | 2020 |