1. Наслов на наставниот предмет | Оптоелектроника | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05Л028 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Катерина Ралева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Знае принципи на работа на оптоелектронските елементи (фотоотпорник, фотодиода, фототранзистор, оптокаплер, соларна ќелија). Разбира принцип на работа на CMOS и CCD сензори за слика. Анализира едноставни кола со оптоелементи. Владее методи за синтеза на едноставни кола со оптоелементи: -знае да дизајнира кола за погонување на LED диоди и кола за управување RGB LED диоди; – ги разбира техниките на управување матрица од LED диоди; -ги разбира драјверските кола за ласерски диоди – знае да дизајнира кола со IR диоди и детектори, управувачки кола со фотоотпорници и фототранзистори; -го разбира различните типови оптокаплери и режимите на работа и знае да ги примени во различни апликации. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Предмет на изучувањe, примена и правци на развој на оптоелектрониката. Краток преглед на својства на светлината. Полупроводници и PN-спој. Оптичка инјекција. Генерационо-рекомбинациони процеси кај полупроводници. LED и ласерски диоди – структура, градба, принцип на работа, електрични и оптички карактеристики. Архитектура на комерцијални LED диоди. LED диоди што емитираат бела светлина. Електрични кола за погонување на LED диоди. RGB LED диоди и нивно управување. Техники на управување на матрица од LED диоди. Конструкција на драјверски кола за ласерски диоди со вклучена заштита. Фотодетектори (фототпорници,фотодиоди, фототранзистори и оптокаплери). Шумови кај фотодетектори. Фотоотпорници како елементи во управувачки кола. Примена на IR диоди и детектори. Оптокаплери во дигитален (прекинувачки) и во аналоген режим на работа. Соларни ќелии – структура и принцип на работа. Работен напон и струја и ефикасност. CMOS и CCD сензори за слика – принцип на работа. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 70 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 20 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | S.M. Sze, K.K. Ng | Physics of Semiconductor Devices , 3th edition | John Wiley & Sons, Inc. | 2006 | ||||
2 | S.O. Kasap | Optoelectronics and Photonics: Principles and Practices , 2nd edition | Pearson Education | 2013 |