1. Наслов на наставниот предмет | Автоматизација на производни постројки и процеси | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01З001 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Душко Ставров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Теорија на автоматско управување 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Цел на оваа дисциплина е оспособување на кандидатите за работа со индустриски постројки од различен тип. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени со следните вештини: читање на индустриски управувачки шеми, читање и цртање на електрични шеми, проектирање на алгоритми на управување за индустриски процеси , проектирање на систем за автоматско управување на постројка. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Општи аспекти на процесна автоматизација; Физички основи и карактеристики на технолошкиот процес; Tипови на управувачки структури: управување нанапред, управување на сооднос, каскадно управување, управување базирано на модел, адаптивно управување, управување на повеќевеличински системи; Запознавање со индустриски печки; Изучување на често застапени процеси и постројки во индустријата: транспорт на флуиди, мешање на течности, таложење и центрифугирање на течни суспензии, филтрација на течни суспензии, филтрирање и очистување на гасови, загревање и ладење на течности во топлоизменувачи, термоенергетски агрегати и согорување на фосилно гориво, индустриска ладилна постројка, автоматизација на процеси на дестилација, автоматизација на термоелектрана, сушење во ротациони печки. Проектирање систем за автоматско управување на постројка: цртање на електрични шеми со помош на CAD софтвер, димензионирање на кабли и заштитна опрема, избор на управувачка опрема и нејзино поврзување кај систем за автоматско управување на постројка. Четврта индустриска револуција. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, проектни задачи и аудиториски вежби, сето тоа дополнето со практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот . 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, и успешно го имаат реализирано и презентирано проектот, се смета дека го положиле предметот. Презентација на проектот се одвива во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените добиени од проектот. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Harold L. Wafe | Basic and Advanced Regulatory Control: System Design and Application | ISA | 2004 | ||||
2 | William Y. Svrcek, Donald P. Mahoney, Brent R. Young | A Real Time Approach to Process Control | Wiley | 2006 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | S. Jeschke, et. al. | Industrial Internet of Things | Springer | 2017 | ||||
2 | Jorgen Sommer | Electrical documentation according to standards | PCSCHEMATIC A/S | 2011 | ||||
3 | IEC | International standard: IEC 60364-5-52 | IEC | 2009 | ||||
4 | Schneider Electric | Electrical Installation Guide | Schneider Electric | 2018 | ||||
5 | Schneider Electric | Automation Solution Guide | Schneider Electric | 2008 |