1. Наслов на наставниот предмет | Проектирање на електроенергетски објекти | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04Л020 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Невенка Китева Роглева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Електрични централи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентите ќе се здобијат со стручно знаење за проектирање и изработка на техничка документација за објектите во електроенергетски системи. По завршување на курсот студентите ќе можат самостојно да ја изберат потребната електротехничка опрема во електроенергетските постројки. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во процесот на проектирање. Проектирање техничка документација. Принципи и методи на проектирање. Стандардизација. Стадиуми на проектна документација. Проектна задача. Содржина на техничката проектна документација. Обем и спецификации на активностите во проектот. Документација за обезбедување квалитет. Временски распоред во проектите. Трошоци во проекти. Технички решенија и пресметки. Цртежи. Енергетски и помошни системи во ЕЕО. Проектирање на термоенергетски објекти. Проектирање на хидроенергетски објекти. Проектни решенија на пумпно-акумулациони ХЕЦ. Проектни решенија на нуклеарни централи. Проектирање на електрични централи од обновливи извори на енергија. Проектирање на раводни постројки на висок, среден и низок напон. Проектирање на трансформаторски постројки. Проектирање на Системи за мерење, следење, управување и заштита. Проектирање на AC/DC развод. Проектирање на електрично осветление, погонски системи, заземјување и громобранска заштита во ЕЕО. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација, самостојна изработка на домашни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 45 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 40 | |||||||
16.3. Домашно учење | 20 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовна присустност на предавања и реализација на проектни задачи | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити ( во времетраење од 120 минути). Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити/писмениот испит може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните/писмени испити, активности и завршниот устен испит. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и прашалници | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | John D. McDonald | ELECTRIC POWER SUBSTATIONS ENGINEERING | Taylor & Francis Group, LLC | 2007 | ||||
2 | Вангел Фуштиќ | Проектирање на електрични централи, инт. скрипта | ЕТФ-Скопје | NULL |