| 1. Наслов на наставниот предмет | Мерења во електротехника | |||||||
| 2. Код | 4ФЕИТ03З006 | |||||||
| 3. Студиска програма | ЕАОИЕ,КХИЕ,КСИАР,ЕЕС,ЕЕПМ | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година / семестар | II/3 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Марија Чундева-Блајер, Д-р Живко Коколански | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника Ислушани: Основи на електрични кола |
|||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења од мерните методи кои се применуваат во мерењата на електричните величини. Запознавање со принципите на функционирање, примена и користење на мерните инструменти. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата: Основни поими и дефиниции во мерната техника. Законска метрологија. Статички и динамички карактеристики и блок-структури на мерните уреди. Теорија на мерна неодреденост, мерна неодреденост од тип А и мерна неодреденост од тип Б. Гаусова и Студентова распределба на повеќекратно повторени мерења. Мерни преобразувачи на електрични во електрични величини, преобразувачи на наизменични во еднонасочни сигнали, мерни засилувачи. Аналогни мерни инструменти, волтметар, амперметар, омметар и ватметар. Општи поими за дигитални мерни инструменти, структурни елементи, мерење временски интервал и фреквенција. Дигитални волтметри. Мерење со осцилоскоп. Мерни мостови за еднонасочна и наизменична струја. Електрични мерења на неелектрични величини. Mерни системи. | ||||||||
| 12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 30 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | редовно присуство и изработени лабораториски вежби | |||||||
| 20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. |
|||||||
| 21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
| 23. Литература | ||||||||
| 23.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Ц. Гавровски | Основи на мерна техника | ФЕИТ-Скопје | 2011 | ||||
| 2 | В. Димчев, М. Чундева Блајер, Ж. Коколански, М. Србиновска | Збирка решени задачи по мерења во електротехника | ФЕИТ, Скопје | 2016 | ||||
| 3 | В. Димчев, М. Чундева Блајер, Ж. Коколански, М. Србиновска | Лабораториски вежби по Мерења во електротехника | ФЕИТ, Скопје | 2016 | ||||
| 23.2. Дополнителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | S. Tumanski | Principles of electrical measurements | Taylor&Francis | 2006 | ||||
| 2 | R. Malarić | Instrumentation and measurement in electrical engineering | Brown Walker Press | 2011 | ||||

