1. Наслов на наставниот предмет |
Виртуелизација и контејнер системи |
2. Код |
4ФЕИТ12З005 |
3. Студиска програма |
КТИ,ТКИИ |
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. Степен |
Прв циклус студии |
6. Академска година / семестар |
IV/7 |
7. Број на ЕКТС |
6 |
8. Наставник |
Д-р Даниел Денковски, Д-р Валентин Раковиќ |
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положен: Моделирање бази на податоци |
10. Цели на предметната програма (компетенции). Познавање на основните концепти и практики во виртуелизација, виртуелни и контејнер системи, DevOps и процесите на континуирана интеграција и континуирана испорака. Способност за работа со технологиите и алатките: Git, Docker, Jenkins, Ansible, VMWare, KVM, Docker, Kubernetes. Способност за работа, поставување и управување со виртуелизирани и контејнеризирани околини на серверски системи и системи во облак. |
11. Содржина на програмата: Вовед во виртуелизација и виртуелни системи. Апстракција на ресурси. Видови на виртуелизација. Виртуелизација на системи за складирање. Виртуелизација на мрежи. Виртуелизација и виртуелни машини (VM). Концепти. Управување и конфигурирање. Хипервизори. VMWare. KVM. Виртуелизација од оперативен систем. Поими и концепти за работа со контејнер околини. Docker технологија, управување, мониторитање и конфигурирање. Главни концепти и практики во методологијата DevOps. Концепт на CI/CD (континуирана интеграција и континуирана испорака). Принципи на континуиран развој на софтвер, интеграција и распоредување. Вовед во технологии и алатки (Git, Docker, Jenkins, Ansible, Kubernetes). Репозиториуми, артефакти. Основни практики на користење на инфраструктури во облак како Azure, GCP, AWS. |
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи |
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 |
14. Распределба на расположивото време |
180 |
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
16.2. Самостојни задачи |
30 |
16.3. Домашно учење |
45 |
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
17.2. Семинарска работа/проект |
30 |
17.3. Активност и учење |
30 |
17.4. Завршен испит |
40 |
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
од 51до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
од 61до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
од 71до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
од 81до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
од 91до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби |
20. Начин на полагање на испитот |
Еден парцијален писмен испит во текот на семестарот (на половина од семестарот) во времетраење од 120 минути или еден завршен писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Секој студент мора да изработи самостојно задолжителна проектна задача. Студентот може да изработи дополнителен самостоен проект. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит и проектната задача, а доколку е изработен самостоен проект и тие поени. За време на испитот е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, но не и електронски уреди. |
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети |
23. Литература |
23.1. Задолжителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
N. G. Nguyen, D.-N. Le, J. M. Chatterjee and R. Kumar |
Cloud Computing and Virtualization |
Wiley |
2018 |
2 |
S. M. Jain |
Linux Containers and Virtualization: A Kernel Perspective |
Apress |
2020 |
23.2. Дополнителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
H. Saito, H.-C. C. Lee and K.-J. C. Hsu |
Kubernetes Cookbook: Practical Solutions to Container Orchestration |
Packt Publishing |
2018 |
2 |
M. Portnoy |
Virtualization Essentials 2nd Edition |
Wiley |
2016 |