1. Наслов на наставниот предмет | Основи на WEB програмирање | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ12З009 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ,КТИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5, IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Горан Јакимовски, Д-р Владимир Атанасовски, Д-р Валентин Раковиќ | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Програмирање и Алгоритми | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Разбирање на концептот на веб програмирање со помош на HTML, CSS и JavaScript. Детално запознавање со Document Object Model (DOM) и начинот на негово користење за развој на клиентски веб апликации. Користење на популарни библиотеки и напредни рамковни структури за развој на апликации. По завршување на курсот, студентот ќе може самостојно да прави богати и динамички клиентски веб страни. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во Интернет. Интернет сервиси. Вовед во World Wide Web. HTTP протокол. Колачиња (Cookies). Вовед во HTML. HTML5. HTML линкови, сидра, слики. HTML тагови, фонтови и бои. HTML табели, рамки, анимации. Вовед во CSS – каскадни стилови. Напредни можности на CSS. Поврзување на CSS документи. Вовед во JavaScript. JavaScript променливи, контролни структури, функции, полиња и објекти. Вовед во DOM (Document Object Model). Справување со настани од DOM. JSON – синтакса и размена на податоци. Вовед во JQuery. Програмирање со JQuery. Вовед во AngularJS. Вовед во Responsive WEB Страници.” |
||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби / домашни задачи, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот (на половина и на крај од семестарот) во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Секој студент мора да изработи самостојно проектна задача. Во текот на семестарот секој студент е должен да изработи неколку домашни задачи или лабораториски вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит, проектната задача и домашните задачи. За време на испитот е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, но не и електронски уреди. | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | П. Џ. Деител, Х. М. Деител | Интернет и WWW: Како да се програмира | Pearson | 2011 | ||||
2 | Е. Кастро, Б. Хислоп | HTML5 и CSS3: Визуелен брз водич | Peachpit Press | 2013 | ||||
3 | Л. Улман | Модерен JavaScript: Развој и дизајн | Peachpit Press | 2012 |