1. Наслов на наставниот предмет |
Технолошки иновации |
2. Код |
4ФЕИТ08Л014 |
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ,ЕЕПМ,КТИ,ТКИИ |
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. Степен |
Прв циклус студии |
6. Академска година / семестар |
IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
6 |
8. Наставник |
Д-р Христина Спасевска |
9. Предуслов за запишување на предметот |
|
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентите ќе се стекнат основни знаења за управување со иновативниот процес, процесот за патентирање, механизмите за поддршка и иновациите во новите технологии. Со примена на методи за индивидуално и тимско планирање и толкување со вежби, студентите ќе ги развиваат своите иновативни идеи, креативното размислување и вештините за спроведување на иновативни проекти. |
11. Содржина на програмата: Поим и дефиниција за иновација и иноваторство. Иновација и креативност. Препознавање на можности и генерирање идеи. Видови иновации. Иновациски процес. Управување на иновациски процес. Интелектуална сопственост и процес на патентирање. Лиценца, франшиза и трговска марка. Иновациски стратегии. Алатки и механизми за поддршка на иновациите и нивна комерцијализација. Иновативни процеси и технологија. Технолошки иновации – принципи и видови. Значењето на интердисциплинарноста во унапредување на технолошките иновации. Анализа на индустријата и конкурентноста. Трансфер на технологии. Модел на тројна спирала. Еволуција на моделите на тројна спирала. Вовед во организациски модели за трансфер на технологии. Технолошки парк, акцелератор, инкубатор, спин-оф и старт-ап компанија. |
12.Методи на учење Предавања, презентации, аудиториски вежби |
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 |
14. Распределба на расположивото време |
180 |
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
16.2. Самостојни задачи |
30 |
16.3. Домашно учење |
45 |
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
17.2. Семинарска работа/проект |
30 |
17.3. Активност и учење |
20 |
17.4. Завршен испит |
40 |
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
од 51до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
од 61до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
од 71до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
од 81до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
од 91до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата |
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. За студентите кои ги положиле парцијалните испити се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во текот на семестарот студентите изработуваат семинарски работи. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити / завршниот испит, тестовите и семинарските работи. |
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети |
23. Литература |
23.1. Задолжителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Христина Спасевска |
Учебно помагало по предметот технолошки иновации |
|
NULL |
2 |
Мирјана Станковиќ и Братислав Станковиќ |
Трансфер на технологии во РМ |
ДЗИС |
2013 |
23.2. Дополнителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Peter F. Drucker |
Innovation and Entrepreneurship |
Harper & Row |
2006 |
2 |
Melissa A. Schilling |
Strategic Management of Technological Innovation |
Mc Graw Hill Education |
2016 |