| 1. Наслов на наставниот предмет | Моделирање и симулациски компјутерски околини | |||||||
| 2. Код | 4ФЕИТ07З010 | |||||||
| 3. Студиска програма | КТИ | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Сања Атанасова, Д-р Горан Јакимовски | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Програмирање и алгоритми, Податочни структури и програмирање | |||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со концептите на моделирање и модели за претставување на објекти и системи од реалноста. Изучување на концепти на симулации и алатки. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за самостојна работа со разновидни техники за моделирање и претставување на моделите во компјутерски систем, како и за вршење и анализа на соодветни симулации. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата: Вовед во моделирање. Околини. Модели. Аналитички методи при моделирањето. Симулации чекор по чекор (stepped). Симулации водени од настани (event driven). Генерирање (псевдо)случајни броеви за симулации. Видови генератори: линеарен конгруенцијален генератор, композитен генераторт. Веројатност и статистика во симулациите. Симулација на компјутерски системи и компјутерски мрежи. Обработка и анализа на податоци од симулација и статистичка обработка. Креирање на стохастички модели. Симулации. Тестирање стохастички модели. Дискретни и непрекинати модели. Редици на чекање. | ||||||||
| 12.Методи на учење Предавања, презентации и лабараториски вежби | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 35 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 40 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 30 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | редовна посета на наставата и реализирани тестови | |||||||
| 20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два теста (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), активности кои вклучуваат изработка на семинарски трудови и поени од лабараторсики вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од сите активности.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
| 21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
| 23. Литература | ||||||||
| 23.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Аверил М. Лоу | Моделирање за симулации и анализа, 5 издание | МкГроу Хил | 2014 | ||||
| 2 | Рос М. Шелдон | Симулации | Академик Прес | 2012 | ||||
| 3 | Фишвик П. | Дизајн на модели за симулации и извршување | ПрентисХол (Пеарсон) | 1995 | ||||

