Софтверското инженерство и проектен менаџмент

Последна измена: март 15, 2022

Предмет: Софтверското инженерство и проектен менаџмент

Код: 3ФЕИТ12008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Дејан Ѓорѓевиќ

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на курсот е студентите да се здобијат со солидни знаења за софтверското инженерство при развојот на големи софтверски развојни проекти. По завршувањето на курсот кандидатите ќе можат: да специфицираат, моделираат, имплементираат и тестираат софтверски системи, да дефинираат, планираат и изведат проект за развој на софтверски систем работејќи во тим, да соработуваат со други тимови при работа на заеднички проект, ќе можат да извлечат, анализираат и документираат искуства од развојните проекти, критичка примена на генералните принципи на софтверското инженерство при развојот на софтверски и софтверско интензивни системи, да владеат со генералните принципи и техники за контрола на квалитетот на софтверскиот систем како сигурност, безбедност, доверливост карактеристични за различни видови на софтверски системи.

Содржина на предметната програма: Вовед во софтверското инженерство. Животен циклус на софтвер, методологии и техники. Традиционални процеси за развој на софтвер. Агилни процеси за развој на софтвер. Менаџирање на софтверски проекти: планирање, следење и контола. Менаџирање на барања, конфигурации и промени. Менаџирање на инсталација и ризици. Планирање и проценка на трошоци при развој на софтвер. Управување со луѓе и ресурси во процесот на развој на софтвер. Алатки за проектен менаџмент во процесот на развој на софтвер.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ian Sommerville Software Engineering, 9th edition Addison-Wesley 2010

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Roger S. Pressman Software Engineering: A Practitioner’s Approach, 8th edition McGraw-Hill Education 2014