ПИД управувачи: теорија, проектирање и нагодување

Последна измена: ноември 14, 2019

Предмет: ПИД управувачи: теорија, проектирање и нагодување

Код: 3ФЕИТ01012

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Горјан Наџински

Цели на предметната програма (компетенции): Студентите ќе се здобијат со темелни познавања на ПИД управувачите и со најновите модификации на алгоритмите за ПИД. Исто така студентите ќе се обучат за проектирање и имплементација на само-нагодувачки ПИД управувачи.

Содржина на предметната програма: Моделирање на индустриските процеси. ПИД управување: основи на ПИД, основни и напредни алгоритми за ПИД, модификации на алгоритмите за ПИД со додавање на reset windup. Основни методи за проектирање и нагодување на ПИД управувачи: Ziegler-Nichols, реакциона крива, аналитички методи, оптимизациски методи, нагодување на полови. Напредни методи за проектирање и нагодување на ПИД управувачи: методи со фреквентен одѕив, методи со отскочен одѕив, методи за автоматско нагодување на управувачите. Предикторски ПИД управувачи за процеси со големи доцнења. Реална имплементација на ПИД управувачи.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

K. Astrom, T. Hagglund PID Controllers: Theory, Design, and Tuning Instrument Society of Аmerica 1995

2

K. Astrom, T. Hagglund Advanced PID Control Instrument Society of America 2006