Мобилна роботика (АРСИ)

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Мобилна роботика

Код: 3ФЕИТ01009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Елизабета Лазаревска

Цели на предметната програма (компетенции): Да ги совлада техниките за локализација, планирање и водење на мобилни роботи и да се оспособи за успешна примена на истите за водење мобилни роботи.

Содржина на предметната програма: Вовед: историски развој, класификација, примена и примери на мобилни роботи. Движење (локомоција) на мобилните роботи: роботи со тркала и ножни роботи, погонски конфирурации и актуатори, математички модели на кинематиката и динамиката на мобилните роботи. Сензори за мобилни роботи: класификација, невизуелни и визуелни сензори. Навигациски системи за мобилни роботи: класификација навигациските системи, одредување на брзината, позицијата и ориентацијата на мобилните роботи врз основа на сензорските информации, фузија на информациите од различни сензори и примена на Калманови филтри. Системи на водење и навигација на мобилните роботи: структура и алгоритми на системите на водење и навигација на мобилните роботи, алгоритми за избегнување на препреки, пребарување на непознат простор, генерирање карта на просторот и планирање на траекторијата на мобилните роботи. Мобилни роботи – летала и подводни мобилни роботи. Повеќероботски системи.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Roland Siegwart Introduction to Autonomous Mobile Robots MIT-Press 2004

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gerald Cook Mobile Robots-Navigation, Control and Remote Sensing Wiley and Sons, Inc. 2011

2

Alonzo Kelly Mobile Robotics: Mathematics, Models, and Methods Cambridge University Press 2013